„Учи македонски-онлајн“ е онлајн училиште за учење на македонски јазик во секое време, секаде во светот.
„Учи македонски-онлајн“ одржува настава за;
Мотивите за основање на „Учи македонски онлајн“ се поттикнати од надминувањето на тешкотиите коишто постојат во дијаспората, за изучување на македонскиот јазик, за Македонците кои живеат надвор од матичната земја.
Надвор од границите на Република Македонија веќе расте и третата генерација Македонци. Нивниот мајчин јазик е англискиот, германскиот, францускиот или некој друг јазик, во зависност од државата во којашто се родени, во којашта живеат и се образуваат.
Нивната поврзаност со Македонија, како земја од каде што потекнуваат нивните родители, во најголема мерка, е предусловена со познавањето на македонскиот јазик.
Доколку на децата не им се овозможи можност да го научат македонскиот јазик, тие полека, но сигурно, ќе се оддалечуваат од своите корени- од Македонија.
И покрај направените напори на државата во насока на овозможување на настава по македонски јазик во дијаспората, сепак, многу мал дел од Македонците на училишна возраст се опфатени со наставата од овој карактер.
Причината за ваквата состојба е големиот трошок којшто е потребен за да се испрати наставен кадар од Македонија во државите во светот каде што живеат Македонци.
Тешкотиите се јавуваат и поради дисперзираноста, односно, оддалеченоста на местата каде што живеат Македонците, затоа тешко се обезбедува нивното физичко присуство на наставата по македонски јазик во градовите каде што таа е организирана.
Поради ваквите состојби, пред нас го поставивме предизвикот да организираме „онлајн“ (оnline) настава пo македонски јазик, согласно со наставната програма подготвена од надлежните образовни институции во Република Македонија.
„Учи македонски онлајн“ наскоро ќе понуди можности за меѓусебно дружење и комуникација на децата од дијаспората, но и за организирано посетување и запознавање со историјата и културата на нивната татковина- Република Македонија.
Линк до „Учи македонски-онлајн“