Спроведувањето на маркетинг на социјалните медиуми има многу предности. Овој вид маркетинг овозможува поголема присутност на брендот помеѓу корисниците на социјалните медиуми, како и неограничени можности за комуникација, промоција и градење на позитивен имиџ.
Ние ви нудиме стратегија за промоција и маркетинг на социјални мрежи со примена на најновите практики на:
Facebook маркетинг
Facebook е неверојатна маркетинг алатка која голем број на компании ја користат за да ги донесат потенцијалните клиенти на нивните веб-сајтови со користење на едноставни техники за да добијат што е можно повеќе посети. Ако се креира интересна фан страна, производите и услугите што се нудат, можат да станат многу привлечни за за сегашните и потенцијални клиенти.
Водењето и манаџирањето на Фб страна опфаќа:
Дизајнирање на фан-страницата;
Администрирање на Facebook фан-страница;
Креирање на посебна фб група;
Постојано следење и комуницирање со фановите, одговори на коментарите и прашањата и понатамошно насочување на фановите;
Комплетен мониторинг во делот прашања и реакција на истите
Креирање и поставување на посебни табови 3+ (custom табови – мини апликации кои се се наменски создадени) согласно потребите.
Прилагодување на графичките и мултимедијалните решенија во Facebook формат
Графички адаптации;
Користење алатки кои се надвор од Facebook платформата, знаење и вештини за остварување на успешен Facebook маркетинг;
Изградба и постојано зголемување на одбрана публика и подигнување на Brand awareness на високо ниво;
Анимираме на исфилтрираната фан публика и стратешко насочување.
Twitter маркетинг
Twitter е одлична бизнис алатка како за компанијата така и за клиентите. Оваа социјална мрежа овозможува директна и лесна комуникација со целната група и и полесно промовирање на услугите. Исто така, нуди лесен начин за доаѓање до клучни информации во врска со мислењата и преференциите на сегашните и потенцијални клиенти.
Нашите активности ќе се состојат од:
Менаџирање на профилот
Додавање на луѓе кои ќе се следат
Придобивање на следбеници
Комуникација со истите за нивните интереси со цел градење на силна врска
Употреба на интересен „хаштаг“ на одредена тема и развивање дискусии со истиот
За поголема интеракција и собирање на нови фанови на на оваа социјална мрежа предлагаме на одреден временски период да се бара од фановите да извршат одредена акција. Пример: Ре-твитнете го овој пост и станете добитник на одредена награда или попуст. Со Ре-твит на одредена содржина од одреден бренд, корисниците ја споделуваат таа содржина вирално. Користење на хаштагови во одреден контекст е многу корисно бидејќи гради силна Twitter заедница околу еден клучен збор.
Pinterest е релативно нова социјална мрежа која им овозможува на корисниците визуелно да споделуваат, менуваат, организираат и да откриваат нови содржини и интереси преку постирање фотографии или видеа, на своите „табли“ или на „таблите“ на пријателите.
Таблите(Boards) претставуваат галерии на фотографии на одредена тема. Пример: Плажи, Скијање, Вкусови од светот итн.
Овие табли ќе бидат исполнети со фотографии, под кои може да биде сместен краток текст. Во таблите можат да се сместат голем број фотографии и видеа и на овој начин да се промовираат одредени понуди и услуги кои ги нудите.
На оваа мрежа може да се споделуваат слики од сопствените архиви или слики кои ќе ги пронајдете на Интернет, користејќи посебно „pin it“ копче. Содржините можат да се групираат во посебни албуми кои може да ги именувате како што сакате. Растот на Pinterest е изненадувачки брз и некои истражувања на пазарот покажуваат дека Pinterest е поефективен во креирање посетеност на веб страните, споредено со останатите социјални медиуми.
Нашите активности ќе опфаќаат:
Креирање на бизнис Pinterest профил
Споделување на визуелни содржини (фотографии, видеа)
Овозможување на корисниците да споделуваат содржини на профилот на преку посебна табла посветена на корисниците.
Во иднина може да се организираат и натпреварувања во кои ќе се бара од корисниците да креираат посебна табла на нивните профили на која ќе можат да демонстрираат каде би сакале да патуваат. Потоа ќе биде побарано корисниците да испратат линк од креираните табли за да може да се оценат и најдобрата и најинтересната табла да добие одредена награда. Организирање на ваков вид натпревари е еден од најефективните начини за споделување на содржини и за активирање на корисниците.
Креирање на „хаштаг“. Исто како Twitter и Pinterest поддржува користење „хаштаг“ за обележување на содржината, што прави таа да може полесно да се следи и споделува.
Инстаграм
Со алатката за бизнис профил на инстраграм компаниите од која било големина можат да привлечат следбеници и да се запознаат со нивните мислењата за да ги реализираат своите бизнис цели. Инстаграм фунционира во рамките на споделување на фотографии и собирање на што поголем број на следбеници.
Нашите активности ќе опфаќаат:
Креирање на бизнис Инстаграм профил
Придобивање на што поголем број следбеници
Споделување на визуелни содржини (фотографии, видеа)
Во иднина може да се организираат и натпреварувања во кои ќе се бара од корисниците да постават одредена фотографија/реклама/банер како „story“ на својот профил и да добијат одреден попуст или награда. Со тоа ќе се шири публиката и вашата понуда ќе дојде до поголем број на потенцијални клиенти.
YouTube
Oтварање на сопствен You Tube канал преку којшто ние ќе кеираме и споделуваме видеа поврзани со вашите понуди и сл. Овие видеа ќе се поделуваат на Фејсбук, Твитер, Гугл Плус при што ќе се шири публиката.
Интернет платени кампањи
Согласно договорот со клиентот креираме и вршиме интернет кампањи. Дигиталниот маркетинг опфаќа:
Фејсбук реклама
Инстаграм реклама
You tube реклама
Google adwords реклами
Праќање на newsletters преку https://mailchimp.com/
Буџетот за сите овие реклами го договараме заедно со клиентот и не влегува во договорената месечна цена.