На прво место!

SEO оптимизација- вашата страна да биде на врвот на интернет пребарувачите

Прочитај повеќе Види/Преземи Понуда

За да вашата веб страна биде на висока позиција на пребарувачите, потребна ви е SEO оптимизација.

За да се постигне оваа цел, потребно е знаење и секојдневна работа, за да вашата веб страна биде високо позиционирана на пребарувачите или пак да биде на првото место.
Ако не сте рангирани на висока позција, тогаш вашите клиенти прво ќе се обратат кај вашите конкуренти.

SEO оптимизацијата или Search Engine Optimization преставува повеќе различни методи, техники и постапки на веб страната, но и надвор од неа за да се постигне посакуваниот резултат- висока позција на пребарувачите како што се Google, Bing, Yahoo.

SEO кампањата се состои од оптимизација на многу страници (on-site optimization) и креирање линкови (off-site tactics). Конкретно, тоа значи постојано правење различни измени и дополнувања на вашата веб страна, а воедно е потребно да се креираат и линкови и врски на вашата веб страна со други веб страни.
Целта на овие активности е да се приближи вашата веб страна кон првата позиција или да ја завеме истата, за да вашите услуги и производи бидат први на увид кај клинетите.
Кога корисниците ќе пребаруваат на интернет, вашата веб страна ќе се појавува на првото место со вашите производи или услуги.



Главната цел и функција на SEO кампањата е клиентите преку интернет пребарувачите да ја препознаат вашата понуда како најповолна и најоптимална.

SEO процесот ги вклучува следниве активности:
    клучни поими или поединечни зборови
    Креирање содржини (блогови)
    Креирање линкови и врски

Истражување на клучни поими
Истражување клучни поими или поединечни зборови е постапка со која се наоѓаат поими, зборови и називи кои имаат одредено пребарување на месечно ниво и вашата веб страна ќе се поврзе со тие називи, па кога ќе се врши пребарување таа ќе се позиционира/појавува на високо место или на прво место на пребарувачите. Ако веб страната не биде поврзана со тие зборови, тогаш тие немаат никаква вредност во пребарувањето.

Креирање содржини
Креирањето содржини преставува темел на ЅЕО оптимизацијата. Содржината е напишана за корисниците, фокусирана на целната група на производи и услуги.

Креирање линкови
Креирањето линкови, односно создавање врски е активност/фаза која треба да ја позиционира веб страната на висока позиција или на прво место.
Оваа фаза од SEO кампањата е најтешка, затоа што не зависи од вашата веб страна, туку од другите веб страни и активностите на нивните сопственици. Во зависност од содржината која се наоѓа на веб страната, нејзината занимливост или корисност, можат да се постигнат одреден број на линкови, но остатокот од работата зависи од умешноста на SEO експертите.

Потребно време за SEO оптимизација на веб страна
Времето е еден од важните фактори за SEO оптимизацијата. Позиционирањето бара време, не постојат брзи и инстант решенија кои ќе дадат резултат за месес до два месеци. Конкуренцијата е голема и поимите, клучните зборови, називите се употребуваат од страна на многу субјекти, коишто, истотака, се заинтересирани за нивните веб страни да се најдат на висока позиција на интернет пребарувачите.
Процесот на SEO опримизација за добро позиционирање на веб страната во просек трае од 4 до 6 месеци. Во одредени случаи, процесот трае и од 8 до 10 месеци, па и подолго.

KOНТАКТ

Канцеларија во Германија

Митко Јованов

Телефон: +49 (1 76)38 031 136

Канцеларија во Скопје

Востаничка бр. 67б / 7 Скопје, Македонија

389 76 346 702

Ќе добиете одговор на вашата порака во рок од 24 часа во текот на работната недела.

Лоцирај местоположба
Close the map