Понуда за изработка, oдржување и промоција на веб страна

Главна карактеристка и функција на веб страната:

Изработката на веб страната е темелот на ИТ инфраструктурата. Токму затоа ние дизјнираме и развиваме веб страници со примена на најновите технологии и практики.

Современите трендови ја прават ИТ- инфраструктурата се’ поважна за работата на фирмите или институциите.

За да биде веб страната најдобра реклама за Вашиот бизнис, таа треба редовно да се:

  • Администрира,
  • Ажурира
  • Промовира на социјалните мрежи,
  • Технички одржува,
  • Хостира на лиценциран сервер со примена на најновите технологии кој за безбедност и функционирање;

 

ВИДОВИ И ЦЕНИ НА ВЕБ СТРАНИТЕ КОИШТО ГИ КРЕИРАМЕ

Изработката на статична веб страна вклучува:

  • Автентичен дизајн;
  • Responsive дизајн- Достапен на PC, таблет, smartphone;
  • Неограничен број категории/страни на веб страната;
  • Еднојазична верзија;
  • Поврзување и интегрирање со социјалните мрежи (facebook, twitter, G+ instagram…);

Почетна цена: 79 ЕВРА во денарска против вредност (eднократно)

 

Изработката на интерактивна (динамична) веб страна вклучува:

  • Автентичен дизајн;
  • Responsive дизајн- Достапен на PC, таблет, smartphone;
  • Административен панел преку кој на едноставен начин самостојно ќе внесувате нови содржини;
  • Вашите посетители/клиенти на веб страната ќе можат да креираат кориснички сметки и да бидат во секоја форма на интеракција со вас;
  • Можност да се зачленуваат и добиваат Newsletter
  • Неограничен број категории/страни на веб страната;
  • Повеќејазични верзии на веб страната;;
  • Поврзување и интегрирање со социјалните мрежи (facebook, twitter, G+ instagram…);

Почетна цена: 180 евра во денарска против вредност (еднократно)

 

Изработка на веб страна со специјализирани функции;

  • Онлајн шоп (eCommerce)
  • Поврзување со банки и овозможување на електронски нарачки, купвање и плаќање
  • Развој на eBusiness (електонски бизнис)
  • eLearning (електронско учење)
  • Онлајн медиуми
  • Развој на веб страниците на општествените организации и институции
  • Специјализирани сопствени апликации и веб решенија

Почетна цена: 280 евра во денарска против вредност (еднократно)

 

План и фази за изработка на веб страна:

  • Ви испраќаме понуда -(реализирано)
  • Разговараме за дизајнот на веб страната, функциите и други карактеристики;
  • Дефинираме рок на изработка;
  • Ви праќаме предлог договор кој го усогласуваме;
  • Ви праќаме предлог решенија за дизајн согласно вашите барања;
  • Го одобрувате усогласеното решение и ни праќате содржина, текст, фотографии, видеа кои треба да бидат поставени на веб страната;
  • Преглед, тестирање-ако немате забелешки, ја пуштаме во функција

Со изработка на веб страната добивате дополнително бесплатен промотивен простор или онлајн шоп на Online Shopping Mall 24mall.mk

 

ХОСТИНГ НА БЕЗБЕДЕН И ЛИЦЕНЦИРАН СЕРВЕР

Инвестиравме во најновите технологии на светско ниво за хостирање. Тоа подразбира дека на серверот имаме применето максимални заштитни мерки за безбедност на веб страните, податоците, е-маил комуникацијата, платежни трансакции, резервација на услуги, онлајн продажба на услуги и продукти итн.

Вашата ИТ инфраструктура ќе биде заштитена со последните технолошки иновации кои ги применуваат ИТ компаниите за кои е број еден приоритет заштитата на ИТ инфраструктурата. Нашиот сервер го администрираат врвни ИТ инженери.

За вашата веб страна на нашиот сервер добивате:

  • 24/7 - безбедносен мониторинг
  • DDoS – Заштита на податоци
  • Неограничен bandwith
  • Неограничена меморија
  • Backup на секои 3 часа
  • RAM: 32 GB
  • Processor: Intel(R) Xeon(R) CPU E5-2650 v2 @ 2.60GHz 2.60GHz (32 processors)
  • Platforma Windows® Server 2016 R2

Почетна цена: 45 евра во денарска против вредност- годишно

ВАЖНО: Со склучување договор за изработка на било-каква веб страната, првите 12 месеци добивате бесплатен хостинг, а потоа цената на хостингот е од 40 до 80 евра годишно во зависност од типот/видот на вашата веб страница).

Службен Е-маил: Microsoft Server

Oсновниот пакет на е-mail е бесплатен и влегува во цената на хостингот. Oсновниот пакет опфаќа;

  • Е-маил заштитен од неовластен пристап од трети лица;
  • Неограничен број на е-маил адреси со официјалниот домен;
  • 1 GB е-mail простор
  • Поврзување на електронска пошта со сите мобилни уреди, smartphone, таблет;
  • Поддршка за користење на POP3, IMAP, SMTP, поврзување со Оutlook и G-mail;
  • Заштита од спам;
  • Спап филтер;

ВАЖНО: Во цената на хостингот влегува основниот пакет на е-маил, напредните пакети се доплаќаат. Повеќе информации за пакетите на е-маил адреси што ги нудиме можете да добиете со посета на нашата веб страница http://netarh.mk/ под делот „хостинг“.

 

ТЕХНИЧКО ОДРЖУВАЊЕ НА ВЕБ СТРАНАТА

  • Непречено функционирање на сите делови и елементи на веб страната;
  • Достапност 99,9% на годишно ниво;
  • Поставувње на банери
  • Ажурирање на веб страната
  • Решавање на сите тековни проблеми што ќе се појават, независно од хостингот.

Цената се утврдува со заеднички договор.

ВАЖНО: Со склучување договор за изработка на било-каква веб страната, првите 12 месеци добивате бесплатна техничка поддршка , а потоа цената е во зависност од типот/видот на вашата веб страница).

 

ПРОМОЦИЈА И МАРКЕТИНГ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ

Промоција и маркетинг на социјални мрежи со примена на најновите практики.

  • Facebook;
  • Twitter;
  • Instagram;
  • You Tube
  • и други по ваше барање;

Поставување и водење на профилите на социјалните мрежи опфаќа:

  • Дизајнирање на фан-страницата;
  • Администрaција на фан-страница;
  • Постојано следење и комуницирање со фановите, одговори на коментари и прашања и понатамошно насочување на фановите;
  • Комплетен мониторинг во делот прашања и реакција на истите;
  • Креирање и поставување на посебни табови 3+ (custom табови – мини апликации кои се наменски создадени) согласно потребите;
  • Изградба и постојано зголемување на одбрана публика и подигнување на Brand awareness на високо ниво;
  • Анимирање на исфилтрираната фан публика и стратешко насочување
  • Дизајнирање на графички решенија кои се употребуваат за рекламирање со
  • осмислен дизајн и маркетинг порака, согласно утврдената маркетиншка стратегија;
  • Изработка на извештај со анализа и предлози, на месечно ниво;

Ефекти и очекувани резултати:

  • Креирање и зајакнување на позитивната асоцијација за брендот;
  • Комуницирање за главните бенефити и креирање на приказна;
  • Зголемување на видливоста (Increasing of the visibility) кај целната група;
  • Комуникација, градење и одржување на врски со целната група;
  • Воспоставување доверба кај целната група;
  • Генерирање на маркетинг од „од уста-на-уста“;
  • Креирање на фан база на внимателно исфилтрирани фанови, клиенти и заинтересирани на темата итн.. со огромен месечен опсег;
  • Маркетинг влијание во зголемување на Brand Awareness;

Почетна цена: 20 евра месечно.

 

SEO (SEARCH ENGINE OPTIMIZATION) ОПТИМИЗАЦИЈА

НА ВЕБ СТРАНА

SEO оптимизација на вашата веб страна значи таа да биде на висока позиција на пребарувачите. Ако не сте рангирани на висока позција, тогаш вашите клиенти прво ќе се обратат кај вашите конкуренти.

SEO кампањата се состои од оптимизација на многу страници (on-site optimization) и креирање линкови (off-site tactics). Конкретно, тоа значи постојано правење различни измени и дополнувања на вашата веб страна, а воедно е потребно да се креираат и линкови и врски на вашата веб страна со други веб страни.

Целта на овие активности е да се приближи вашата веб страна кон првата позиција или да ја завеме истата, за да вашите услуги и производи бидат први на увид кај клинетите.

Кога корисниците ќе пребаруваат на интернет, вашата веб страна ќе се појавува на првото место со вашите производи или услуги.

Главната цел и функција на SEO кампањата е клиентите преку интернет пребарувачите да ја препознаат вашата понуда како најповолна и најоптимална.

Дел од активности на SEO процесот:

  • Детална SEO оптимизација; 
  • Истражување на клучни зборови;
  • Мета тагови (наслов и опис);
  • Оптимизација на слики (alt тагови);
  • Интеграција на Google Webmaster & Analytics;
  • Креирање или ажурирање на Robot.txt ;
  • Решавање на грешки и индексирање на вебмастерот;
  • Креирње/Ажурирање на HTML & XML Sitemap ;
  • Доставување на XML sitemap на Google webmaster tool ;
  • Корекција на структурата на внатрешна поврзаност на линковите;
  • Корекција на грешки во канонизацијата;
  • Оптимизација на брзината на веб страната;
  • Имплементација на фрагменти;
  • Имплементација на all on-page changes низ веб страната;

OFF Page Оптимизација( 40 backlinks) :

 1) Directory Submission

 2) Social Bookmarking

3) Article submissions

Цената се договара по извршена анализа  на моменталната ситуација во која се наоѓа веб страната и дефинрањето на услугите што се бараат.

 

ИЗРАБОТКА НА СОФТВЕР

Нет Архитектура нуди веб софтверски решенија според вашите потреби со цел развој на бизнис процесите специфични за вашата компанија, нивно автоматизирање и централизирање, лесен пристап и споделување на информациите, подобра организираност и заштеда на време и пари.

Цената зависи од вашите побарувања и желби, и истата се утврдува со заеднички договор.

 

Можете да изберете една услуга или пакет од повеќе услуги, зависно од вашите потреби. Конечниот изглед и конечната цена заеднички ја договараме.

 

Со почит!
Елена Павловска
Контакт; 076/346-702
Е-маил: office@netarh.mk