Понуда за редизајн, техничка поддршка и хостинг на веб портал

  1. Вовед
  2. Дизајн и изработка на веб порталот
  3. Ажурирање на содржините на веб порталот
  4. Техничко одржување на порталот
  5. Хостингот на сервер  во Германија
  6. Стандарди;
  7. План за изработка за реализација;
  8. Цена;
  9. Опција за интеграција на претплата.

 

Вовед

Изработката на веб порталот со дизајнирање и изработка во најновите технологии дава предности посебно во безбедноста од непосакувани напади, поставување на  реклами во било кој формат, на било која позиција а кои ги бараат/нудат рекламните агенции, потоа воведување на опцијата за претплата на дел од содржините ако за тоа одлучите и кога ќе одлучите,  можности за поставување на било какви елементи во било кој дел на порталот.

 

Дизајн и изработка на веб порталот

Пристап;

  • На секој наш соработник/клиент му пристапуваме индивидувално, ги анализираме вашите потреби за да понудиме решенија  за порталот.

 

Основни карактеристики на веб порталот;

  • Дизајн прилагоден на вашиот портал;
  • Responsive дизајн-Достапна на PC, таблет, smartphone;
  • Посебна мобилна верзија како што е на порталите time.com, bild.de, fokus,de итн
  • Комплет Front-end и Bakck-end;
  • Неограничен број категории/страни на порталот;
  • Поврзување и интегрирање со социјалните мрежи (facebook, twitter, You tube, G+ instagram…);
  • Внесување на сите други функционалности и потреби на порталот кои ќе бидат побарани од вас.

Ажурирање на содржините на порталот

  • Изработка на администраторски панел за ажурирање содржини на порталот кој овозможува вашиот секој новинар да внесува текст, форографии и видео на порталот, за таа цел ќе ви направиме обука на лицета да можат самостојно да ги ажурираат содржините на порталот-впрочем процесот многу едноставен и брз (може да ви дадеме демо да видите како фунцкионира).

За повеќе информации може да ви испратиме линк на кој може да видите како функционира поставувањето содржини.

 

Техничко одржување на порталот

  • Поставување банери, реклами и слично;
  • Функционирање на сите нејзини делови и елементи;
  • Непречено функционирање на порталот и е-маил комуникацијата;
  • Уредување на работи поврзани со доменот (веб адресата);

 

Хостингот на сервер  во Германија

  • Хостирање на сервер безбеден и стабилен сервер во Германија со сертификати за заштита и безбедност на содржините на веб страната согласно регулативата на Германија и ЕУ;
  • Достапност на веб страната  99,9% на годишно ниво;
  • 100% гаранција на зачувување на содржините на порталот на серверот/ Back Up  по секоја промена на порталот а по потреба и на секои 24 часа или според усогласен план со вас;

 

Службена електронска пошта (е-маил) со доменот на вашата веб страна

  • Е-маил е заштитен од неовластен пристап од трети лица.
  • (POP3/IMAP)-поврзување на електронска пошта со сите мобилни уреди smartphone, таблет, outlook

 

Стандарди;

  • TÜV за квалитет и безбедност на податоци;
  • ISO 27001 за достапноста на вашата веб страна

 

План за изработка за реализација

Ако се договориме за соработка тогаш ќе изработиме план за изработка кој предвидува да нема никаков прекин на функционирање на постојниот порталот како што сега е моментално, се до пуштањето во функција на новиот.

 

Фази;

  • Потпишување договор;
  • Ви праќаме неколку предлог дизајни за да изберете притоа ги следиме вашите сугестии и ги реализираме;
  • Рок на изработка од 10 до 14 дена ( и порано ако дефинираме од старт како сакате да изгледа;
  • Преглед од ваша страна и тестирање на порталот;
  • Задржување на постојните содржини како архива;
  • Пуштање официјално,  притоа нема да има никаков прекин на функционирањето меѓу стариот и новиот портал

 

 

Цена

  • 6.300 денари месечно за склучен договор за минимум период од 12 месеци

 

Во цената е вклучено;

  • Изработка/редизајн на порталот;
  • Хостинг;
  • Техничко одржување со вклучено менување банери и други потребни поврзани со технички работи-ќе имате лице за контакт на кого ќе му се обраќате за помош.

 

Претплата;

Кога ќе сакате да воведете претплата тогаш ќе разговараме дополнително и ќе го реализираме, во оваа прилика само начелно како ќе функционира;

  • Увид на регистрираните читатели за да им се обратите со промоција да се претплатат;
  • Тест верзија за читателите/период без наплата а после тоа се наплаќа;
  • Електроснко плаќање на претплата-преку кредитни картички и пајпал за во странство;
  • Увид на претплатените читатели;
  • Со претплатата автоматски читателот добива  претплатен статус за периодот за кој се претплатил;
  • По истекот на претплатата му стигнува известување дека истекува претплатата и ако не ја продолжи претплатата, ќе не може во иднина да го чита порталот.
  • Селекација кои артикли да се без плаќање а кои да се наплатуваат-тоа е едноставно со едно кликање се прави.
  • Одредување колкав дел од текстот да биде видлив а колку со плаќање.

 

За било кои прашања, може дополнително да разговараме на средба.

Го очекуваме вашиот одговор.

 

Со Почит!

Елена Павловска
Тел: 00 389 76/346-702
Е-маил: office@netarh.mk                                                                           

 

Дел од изработените веб страни од нас;

  • http://slobodenpecat.mk/
  • http://mkpecat.net/
  • http://emagazin.mk/
  • http://ucimakedonski.mk/
  • http://safepall.de/
  • http://kupivoeu.de/
  • http://rentacarmacedonia.mk/
  • http://24backup.mk/

 

Други услуги;

  • Маркетинг на социјални мрежи;
  • Онлајн маркетинг/изработка на банери и други форми на реклами;
  • SEO оптимизација на веб страна;
  • Графички дизајн;
  • Управување и архивирање на податоци